Press "Enter" to skip to content

Министерот Венко Филипче во посета на Клиничката болница

Попладнево во работна посета на Клиничката болница-Битола беше министерот за здравство Венко Филипче, каде беше запознат со работата на таа јавна здравствена установа како и со стартот на новата лабараторија за анализи за вирусот Ковид-19 која работи во состав на Центар за јавно здравје-Битола.

Тој на средбата со новинарите соопшти дека о Битола денес нема новодијагностицирани и бројот на пациенти е мала, и дека нема кластери во Битола каде се шири болеста, а  сите случаи во Битола се поврзани со случаи од градот и околните општини.

Министерот Филипче го пофали и лекарскиот кадар во Клиничката болница во Битола кој се професионалци, со големо искуство во третманот на пулмолошки болести, кои работат пожртвувано со пациентите. Ако има потреба во таа зграда на инфектовното одделение покрај постоечките 20 кревети, од кои има слободни уште три, можат да се ослободат уште толку.

Филипче се осврна и на неколку прашања, како што е најавеното отворање на границите и ризикот со отворањето за зголемувањето на заболените, за што рече:-Отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик. Отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти. Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Неможе ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

На новинарско прашање во врска со можностите и условите здравствените работници да користат одмор, министерот Филипче истакна:

-Имајќи пред вид дека од почетокот на кризата здравствените работници деноноќно работат, ќе се направи соодветен распоред во секоја ЈЗУ бидејќи на здравствените работници им е потребен одмор но тоа нема да значи загрозување на работењето на јавните здравствени установ, одговори министерот Филипче.