Press "Enter" to skip to content

12 битолчани се лекуваат од ковид-19

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 24.06.2020 година земени се вкупно 952 брисеви за COVID-19 од кои 435 по епидемиолошки индикации, 187 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 127 лица, од кои 41 се со место на живеење во Битола, 10 во Кичево, едно лице во Демир Хисар и 75 во Ресен.Според исходот на заболувањето кај 92 лица болеста е во тек (12 од Битола, 6 од Кичево и 74 од Ресен), 31 лице се оздравени и кај 4 лица болеста имаше смртен исход.

Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (92 лица), 19 лица се хоспитализирани.

Во Ресен вкупниот број на заболени лица заклучно со 24.06.2020 година изнесува 75. Кај 74 лица болеста сеуште е во тек (59 лица се на домашно лекување, 15 се хоспитализирани), додека кај едно лица болеста имаше смртен исход.

Над 300 лица се ставени под здравствен надзор како контакти на позитивните лица со место на живеење во Ресен, стои во информацијата на Центар за јавно здравје Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »