Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ странива во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19.
Во Битола се регистрирани 3 новозаболени лица, а најмногу 61 случаи има во Скопје. Во околните градови Прилеп 5, Демир Хисар 1 и Ресен 5.
Починати се девет лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од кои во Битола се два.
Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.






