Во близина на селото Лера, од левата страна на главниот пристапен пат до рекреативната зона акумулација Стрежево, ЈП “Стрежево” – Битола постави урбана опрема, летниковец и придружба опрема за поквалитено проведено време на брегот на вештачкото езеро за риболовците и ректеативците.
-Со реализацијата на оваа активност се заокружува едно функционално решение и урбаното уредување и се обезбедува исклучително живописен поглед на акумулација Стрежево и неговата околина. Денес добивме уредено место каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат и уживаат во природните убавини. „Урбана опрема, којашто е специјално дизајнирана за овој простор e од природни материјали отпорни на надворешни влијанија и е адаптирана и за лица со посебни потреби која е лесно пристапна, изјави директорот на ЈП “Стрежево“ од Битола, Методија Граматковски.
Акумулацијата “Стрежево“ е една од најубавите и најважните дестинации од рекреативен аспект каде ќе се продолжи со спроведувањето на зацртаните проектни активности во интерес на граѓаните.

На брегот на Стрежевското Езеро изграден нов летниковец и поставена урбана опрема (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка





