Управата за хидрометеоролошки работи денес соопшти дека под влијание на понестабилна воздушна маса во следните денови во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура.
За денес, четврток, 2 јули, за Битола, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи предвидуваат дека времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9. Температурата во Битола до 30°С.
За утре, петок, 3 јули, за Битола прогнозата е дека ќе има сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9. Температурата во Битола до 31°С.






