Press "Enter" to skip to content

Мирен протест на “свадбарските работници“ во Битола, бараат да се организираат свадби и други веселби (фото)

Денес на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа мирен протест на како се нарекоа “свадбарските работници“ во кои спаѓаат музичарите, кананџиите, снимателите, фотографите, кетеринг работниците, златарите, цвеќарите, слаткарите и сите кои вклучени во организацијата на свадби, веридби, сунети и други веселби.Тие на денешниот мирен протест рекоа дека  главно барање им е да дозволи одржување на свадби и други веселби.Благој Мустриќовски, кој има бизнис видео проекција зборуваше пред присутните и ги кажа причините поради кои, според нив да им се обезбеди организирање на свадби и други веселби:

-И сега сите ние сме сведоци дека се одржуваат веселби и свадби, на во кафаеани туку во викендици каде што исто така има голема концентрација на луѓе на мал простор. На тие место условите за хигиена се лоши, а односно под нивото на рестораните. Свадбите и другите веселби, според нас, не се голем ризика за ширење на корона вирусот, бидејќи луѓето кои ќе бидат таму, а не ја почитуваат дистанцата се најчесто од иста фамилија, од ист дом, од исто работно место, од исто друштво, е се заедно и секојдневниот живот. Угостителите се подготвени да донесат и дополнителни модификации на просторот за да го исполнат протоколот за организација на свадби и веселби.

Во име на сите зборуваа неколкумина, од различни професии, а еден од организаторите Заит Алиу, музичар, рече:-Имаме неколку забелечки до Комисијата за заразни болести, а првата е зошто мизичарите кои имаат концертите да бидат ослободени, додека ние музичарите кои егзистираме од оваа работа и мометално сме на работ на егзистенцијата, да не бидеме. Ние како музичари една година наназад чекаме овој период кога има закажано свадби и веселби,  а сега не може да се најде начин тие да се одржат. Сакаме некој да ни помогне и да излезе во пресрет на овие барања. И кај не сме сите исти, бидејќи има музичари кои имаат дополнителна друга работа, но најголем дел егзистираат само од свадби и веселби.

На мирниот протест беше присутен и пејачот Благоја Груевски, кој нагласи дек годината според нивни пресметки се одржуваат 15.000 свадби кои сега се откажани, а не се знае кога ќе се закажат или ќе се одложат. По нивни проценки, во земјава има над 20.000 музичари, а годишно се прават 15.000 свадби, од кои најголемиот дел преку лето и тие сега се откажани. Груевски рече со вакбата состојба ќе донесе тешка состојба на музичарите, бидејќи музичката дејност во земјата во 90 проценти егзистира од свадбите, од каде е и финансирањето.

Тие испратија писмо со барања до Владата, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за укинување на уредбите.

More from БитолаMore posts in Битола »