Press "Enter" to skip to content

Промовирани новите дресови на младите велосипедисти од Пелистер 15-Мај (фото)

Младите велосипедисти на велосипедскиот клуб од Битола, Пелистер 15-Мај, деновиве ја добија новата опрема, во која сакаат да го повторат ланскиот успех, кога беа најдобри во Македонија и имаа значајни успеси на трките кои се одржуваа во соседните земји.-Опремата е набавена од реномираниот производител на вело опрема “Долчини“ од Дупница, Бугарија, а новите дресови се од најновите материјали. Комплет дресовите кои се по цена од 120 евра, ги набавувме со помош на неколку пријатели на клубот, а секако сакам прво да му се заблагодарам на производителот кој иако и во Бугарија има посебни мерки на време ни ја испорача. Тука мора да го споменам и нашиот велосипедист Ристе Настевски и неговиот син Слободан кој помогнаа со финансиски средства, компанија “Ланкоп“. Се надевам дека за брзо време ќе дојдат и новите пет велосипеди, со кој ќе бидеме поконкурентни во трките, вели тренерот Африм Јусуфи.

На промоцијата на новата опрема беше и Ристе Настевски, сопственик на компанијата “Тиерс“, поранешен велосипедист кој донира дел од средствата.-Некое време бев оддалечен од велосипедизмот, но еве Африм и овие младинци ме “вратија“ во овој спорт. Затоа заедно со мојот син Слободан кој е велосипедист-рекреативец, се одлучивме да помогнеме во набавка на опремата, дресовите. Им посакувам многу успеси на младите “пелистерци“ оваа сезона, рече Ристе Настевски на промоцијата на дресовите.

Младите велосипедисти поради забраните за одржување на натпревари и патување во странство не ќе можат дресовите да ги промовираат на официјални трки, а битолчани ќе ги гледаат низ улиците каде поминуваат кога заминуваат или се враќаат од тренинзите.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »