Во рамките на предизборната кампања општинскиот клуб на ЛДП од Битола организираше трибина на која присуствуваа дел од членството запазувајќи ги протоколите за организирање на ваков вид предизборно претставување.
На трибината на отворени зборуваа претседателот на ЛДП, Горан Милевски од Битола, кандидатот за пратеник Боби Мојсоски, претседателот на совет на Општина Битола, од редовите на ЛДП, Валентин Груевски и претседателот на општинската организација на ЛДП од Битола, Александар Касапов.
Пред членовите на битолското ЛДП и други присутни тројцата говорници ги презентираа програмските заложби на партијата и потребата партијата да биде во оваа коалиција.
Европска Македонија, правна држава, еко држава, членка на НАТО и ЕУ беа дел од темите на кои се разговараше вечерва во Битола, на Тумбекафе.

Трибина на ЛДП во амфитеатарот на битолско Тумбекафе (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер го победи Куманово во Битола
- СВР Битола: кај битолчанец пронајдени 20 парчиња муниција и 103 парчиња пиротехнички средства, поднесена кривична
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда




