Press "Enter" to skip to content

Тројца новозаболени, двајца оздравени во Битола од ковид-19, денес нови 165 случаи

Според информации на Министерството за здравство објавени на нивната официјална веб страница во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19.

Во Битола има три нови случаи на позитивни лица на ковид-19, а денес бележиме и двајца излекувани битолчани.

По градови, повторно во Скопје има најмногу  влупно 71, а следуваат Куманово 15, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 5, Тетово 20, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 10, Гостивар 14, Пробиштип 4, Македонски Брод 1, Кичево 2 и Ресен 5.

Починати се 7 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од кои двајца во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.787, бројката на оздравени пациенти е 2.876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.583.

More from ВестиMore posts in Вести »