Press "Enter" to skip to content

Во Битола од ден на ден повеќе заболени, денес четворица од 147 новозаболене, оздравени тројца битолчани

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фекс бук“ страница во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19.

Во Битола денес се новозаразени 4 лица, а регистрирани се тројца оздравени. 

По градови во Скопје 64 има новозаболени, а следуваат Куманово 8, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 7, Велес 5, Битола 4, Охрид 5, Гостивар 9, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово-1, Свети Николе 7, Кичево 4 и Ресен 4.

Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611.

More from ВестиMore posts in Вести »