Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола за викендов променливо облачно и нестабилно, можен е пороен дожд

Времето денес, сабота, 4 јули, во Битола сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ=8. Температурата до 28°С.

За утре, недела, 5 јули, според метеоролозите времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Температурата до 26°С.

More from ВестиMore posts in Вести »