Заменик претседателката на СДСМ и заменик на претседателот на Владата, денеска попладне во Битола, заедно со градоначалничката Наташа Петровска и директорите на јавните претријатија изврши увид на дел од поплавените подрачја по синоќешното невреме.
Шеќеринска по увидот во поплавените колективни згради ги повика битолчани да ја пријават штетата во Општина Битола и додаде:
-Владата стои на располагање да помогне во оваа ситуација. Денеска имавме прилика да разговараме со еден дел од граѓаните, да им честитам што навистина брзо реагирале, и што еве и директорите на јавните претријатија, не седеле и не чекале некој друг да ја заврши работата туку биле на терен и помагале на граѓаните. Очигледно е дека долгото неинвестирање во инфраструктура предизвикува последици и тие се провлекуваат години со ред и за 2,5 години не можат да се променат. Ова само покажува дека сме биле во право кога велиме дека парите мора да одат во модерна инфраструктура која постојано ќе се обновува и унапредува.
–Апелирам до граѓаните да ги пријавуваат штетите, честитам на општината што брзо заживеа механизмот за пријава на штетите, само со ваква акција граѓаните ќе можат да добијат поддршка и од Општината и од Владата.
Градоначалничката Петровска рече дека на општинскиот кризен штаб кој денес имал вонреден состанок биле донесени одлуки се со цел ако има и друг бран на пороен дожд како да се реагира.
-На состанокот на Општинскиот кризен штаб е донесена одлука за формирање на 15 тимови за помош на граѓаните доколку има нови големи врнежи, а од утре почнува пријавувањето на штети во Опптината, за да можат комисиите на време да ја извршат проценката.
Директорот на ЈП “Водовод“ , Горан Козаров, нагласи дека ноќеска до 2,30 часот сите екипи од јавните претријатија биле на терен и помагале да се намали штетата.
-Со природата навистина нема играње и ова се докажа синоќа. Сите екипи на јавните претпријатија се подготвени на одговорат на повиците на граѓаните и се опремени со пумпи и други средства. Се надаваме сите дека нема да има потреба од активирање на тимовите.






