Press "Enter" to skip to content

Известување до жителите на општина Битола за достава на барања за надомест на штета од вчерашното невреме

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола во саботата на 04.07.2020 година, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола.

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од утре 06.07.2020 (понеделник) од 08.00
до 15.00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »