На 05.07.2020 во СВР Битола, 41 годишна жена од Битола, пријавила дека нејзиниот 17 годишен син, додека бил со тројца другари на ул.“ Климент Охридски“, бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.07.2020 во СВР Битола, 77 годишник од Битола пријавил дека околу 14.00 часот во маркет во градски пазар Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






