Денес компанијата “СН Осигурителен брокер“ на 22 вработени од Центарот за јавно здравје – Битола, им додели ваучери во вредност од по 3.000 денари, како посебно вреднување на трудот, кој тие го вложија во справување во ковид кризата и за нивната пожртвуваност во цел овој период.
-Овие луѓе, вработени во Центарот за јавно здравство во текот на изминатите 4 месеци беа и се на првата здравствена линија во справување и заштита од ширење на корона вирусот, не само во Битола туку и за целиот овој реон. Колку се посветени на работата зборува фактот дека и денес ког ние симболично им ги доделуваме ваучерите со кои можат да направат разни осугурувања во “СН Осигурителен брокер“, не се тука, туку се на терен. Се надеваме дека оваа наша донација ќе биде поттик и за други компании кои ќе ги наградат овие луѓе, изјави извршниот директор на “СН осигурителен брокер“, м-р Христо Кондовски.
Директорката на Центарот на јавно здравје од Битола, Елизабета Крстевска, рече дека овие луѓе ги нема по пресови, ги нема на телевизија, јавноста најмалку е запознаена со нивната макотрна работа, но тие се кои понесоа голема одговорност во оваа криза предизвикана од корона вирусот.
Во име на лекарите, епидемиолозите и другите кои денес добија ваучери од компанијата “СН Осигурителен брокер“ и се заблагодари епидемиолог прим. д-р Тони Коњановски.
Ваучерите на вработените во Центарот за јавно здравје – Битола им ги доделија Марија Илковска – советник за маркетинг, Александра Петровска – Кулевска – раководител на експозитури и администрација и Даниел Паришко – превземач на ризик, кој им објасни како и на кој начин и за која намена можат да се искористат ваучерите во “СН Осигурителен брокер“.
С.Р.

“СН Осигурителен брокер“ додели 22 ваучери на вработени во Центарот за јавно здравје-Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





