Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: “опел“ излетал од патот кај клучка “Кукуречанска“ возачот со тешки повреди пренесен на болница

На 07.07.2020 во 21.25 во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола, кај клучка “Кукуречанска”, на влезот во Битола, од страната на Прилеп, патничко возило „опел инсигниа“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (22) од село Могила, излетало од патот.

Во незгодата, сопатниците Л.А. (21) од село Могила и Д.Н. (28) се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница – Битола, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »