Во Битола денес нема новозаболени од ковид-19, а нема ни оздравени, а во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, според информации на министеството за здравство објавени на нивната официјална страница на “фејс бук“.
Најмногу новорегистрирани има во Скопје вкупно 87, а во регинот има со Ресен нови 5 заболени, Прилеп 3, Демир Хисар 1, а починати се 8 лица.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола денес соопптија дека кај 21 лице од Битола лица болеста е во тек.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.






