Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола денес сончево, викендот можен е краткотраен дожд

Денес, петок, 9 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. УВ=9. Температурата ќе биде до 26 степен.

И за утре, сабота, 10 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен источен ветер. УВ=9. Температурата ќе биде до 28 степен.

За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Од недела ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

More from ВестиMore posts in Вести »