Press "Enter" to skip to content

Во Битола три нови случаи на коронавирус, тестирани 1.728 лица, новозаболени 205

Во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19, од кои три во Битола.

По градови: Скопје 60, Куманово 13, Дебар 17, Штип 10, Прилеп 2, Тетово 13, Струга 1, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 23, Струмица 1, Крушево 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 1, Свети Николе 29,  Кичево 7 и  Ресен 3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.

More from ВестиMore posts in Вести »