Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, викендов со зголемена облачност

Денес, петок, 10 јули, времето во Битола, според метеоролозите на Управата за метеорошки работи, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен североисточен ветер. УВ=9. Температурите ќе се искачат до 28°С.

За утре, сабота, 11 јули, во Битола, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=9. Температурите ќе се искачат до 29°С. 

Според прогнозата на метеоролозите на Управата за метеорошки работи во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

More from ВестиMore posts in Вести »