Денес се прави ротација на медицинските сестри од Битола кои се на помош во Градската општа болница “8. Сепрември“ во Скопје.
Во Скопје денес почнуваат да работат медицинските сестри од битолската клиничка болница Наде Пинза од психијатрија, Снежана Мицкоска од интерно и Зоре Јоновска од педијатрија, кои ќе ги заменат Николина Митановска, Виолета Димова, Маријана Невеновска.
-Првата група на медицински сестри кои ги испратвме од клиничката болница во Битола во ГОБ “8. Септември“ денес се враќа дома. За нив добивме само пофални зборови дека максимално пожртвувано и успешно ја извршувале својата задача. Денес таму пристигна и втората група на сестри од ЈЗУ Клиничка болница Битола кои ќе помагаат на колешките во Скопје, ни изјави Радмила Бајовска, главна сестра во Клиничка болница – Битола.






