Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола нема новозаболени, оздравени двајца, вкупно тестови 991, нови случаи 136

Во последните 24 часа не е регистриран нов случај на заболен од ковид-19, но има двајца битолчани кои се оздравени, а според информации на Министерството за здравство во последното деноноќие се направенивкупно 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.

 Најмногу новозаболени има регистрирано во Скопје 46, а  починати се 6 лица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од кои двајца се од Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.111, бројката на оздравени пациенти е 4.203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.

More from ВестиMore posts in Вести »