Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“ – Битола: Се затвора сточниот пазар заради болеста “Син јазик“

Согласно решението што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, сточниот пазар во Битола прекинува со работа на неодредено време поради болеста „Син јазик“.

Според тоа, им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да го почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарсво и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на болеста „Син јазик“ во државата.

More from ВестиMore posts in Вести »