Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19, од кои тројца се од Битола.
По градови Скопје 76, Куманово 6, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 13, Струга 7, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 10, Гевгелија 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 3 и Ресен 1.
Починати се 4 лица, а институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 142 оздравени лица.
Во земјата досега се направени вкупно 79.392 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 8.332 лица, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475 лица.






