Денес во просториите на Општинската изборна комисија во Битола, со почитување на протоколите за работа на комисијата и избирачките одбори, сите 169 избирачки одбори го подигнаа доверливиот материјал за утрешното гласање на престојните предвремени парламентарни избори, согласно динамиката која ја утврди ОИК.
Според претседателот на општинската изборна комисија, Весна Томовска, утре ќе се гласа на 169 избирачки места за кои денес општинската комисија ги подели материјалите.
-Денес се дели гласачкиот материјал во четири групи, за сите избирачки места, кој го подигнаа претседателите на избирачките одбори, а целата постапка оди без проблеми, секако со почитување на протоколите кои се пропишани за оваа фаза од подготовката на гласањето. Паралелно се изведува и гласањето на лицата кои се казнено поправните установи, во домовите за вонсемејно згрижување, лицата во куќен притвор, како и болните и изнемоштените лица, ни изјави Весна Томовска, претседателот на општинската изборна комисија.
Утре на парламентарните избори право на глас имаат 81.488 граѓани кои гравитираат на територијата на општина Битола, а ќе гласаат на 169 избирачки места, а избирачите од едно избирачко место поради тоа што има помалку од девет гласачи ќе гласаат во друго избирачко место.

Општинската изборна комисија го подели избирачкиот материјал, денес во Битола гласаат 327 лица (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)





