Во Битола точно во 7 часот се отворени сите избирачки места и почна изборниот процес за вонредните парламентарни избори 2020.
Правото на глас во Битола и Битолско на парламентарните избори денес имаат можност да го искористат 81.488 граѓани кои гравитираат на територијата на општина Битола, а ќе гласаат на 169 избирачки места, а избирачите од едно избирачко место поради тоа што има помалку од девет гласачи ќе гласаат во друго избирачко место.
Гласањето се одвива мирно и поминува во најдобар ред, а при гласањето се запазени сите протоколи, носење на заштитна маска, дезинфенција, дистанца…






