Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Денес, среда, 15 јули, времето во Битола, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер. УВ=9. Температурата во Битола до 27°С.
Утре во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9. Температурата во Битола до 27°С.






