Рибата мора да биде дел од исхраната на секој, без разлика дали применува диета, спортска исхрана… а јас како нутриционист препорачувам редовно консумирање на риба, нагласувајќи дека е здрава, но оваа храна не е доволно често на менито на просечното семејство.
Риба мораме на имаме на менито пред се поради навистина високи нутритивни вредности, богата е со витамини и минерали. Како пример го наведуват поморските земји кои често на трпеза имат риба и како резултат статистички подолго живеат и поретко заболуваат од малигни и кардиоваскуларни заболувања. Затоа е препорачливо да се јаде риба неколку пати во неделата.
Што содржи месото од риба?
Она што рибата ја прави посебна и корисна е што содржи низок процент на калории, а многу корисни материи корисни за организмот. Некој важни елементи кои ги содржи рибата се бакар, белковини, витамини, б комплексот, калијум, калцијум, јод, железо, натријум, незаситени масни киселини, селен, цинк и висок процент на протеин!!
Докажано е дека со редовна конзумација на рибата во исхраната се намалува ризик од некои заболувања како што се инфаркт, анемија, депресија, остеопороза, зголемен крвен притисок, а го успорува старееењето.
Рибата треба ќесто да се внесува во исхрана покрај останатато, затоа што организмот не може да ги синтетизира полинезаситените масни киселини туку треба да се внесат преку храна.
Напомена: Неодамнешните истражувања покажуваат дека само со внесување на риба еднаш неделно помага да се зачува сивата маса на мозокот, која е одговорна за меморијата и вродените функции, а со тоа го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест. Често потрошувачката на риби во исхраната несомнено го продолжува животот и го подобрува неговиот квалитетот.
За совети за исхрана и диет програми, нутриционист Тоше Соколов
Мобилен број 070/355-654, наскоро со канцеларија во Битола.
Или на фб страна Витаф диет.






