Денес, четврток, 16 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозаападен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 27°С.
И за утре, петок, 17 јули, временската прогноза за Битола е сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува претежно слаб до умерен југоисточен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 27°С.






