Press "Enter" to skip to content

Неофицијални конечни резултати: во “петката“ по осум мандати на коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМЕ, ДУИ -3, АА/А -1

Државната изборна комисија, поточно претседателот Оливер Деркоски, на отворена седница на Комисијата, ги објави неофицијалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава.

Според неофицијалните конечни резултати  коалицијата “Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат.

Во петтата изборна единица каде гласаа и граѓаните од Општина Битола, според неофицијалните конечни резултати, по осум мандати за пратеници освоија коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, три мандати ДУИ и еден мандат освои Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Неофицијалните конечни резултати во Изборна единица број 5 се:

-Коалиција СДСМ 56. 622 гласа
-Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 гласа
-ДУИ 21.745 гласа
-АА/А 10.716 гласа
-Левица 4.715 гласа
-ДПА 781 гласа

More from ВестиMore posts in Вести »