Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола еден новозаболен од коронавирус, 1.612 тестирања-164 нови случаи

Според информациите објавени од Министерството за здравство на нивната официјална “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19.

Во Битола, денес, петок, е регистриран еден новозаболен пациент, а по градови и денес Скопје има најмногу новозаболени, вкупно 59.

Следуваат Куманово 12, Дебар 18, Штип 17, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 6, Кавадарци 2, Гостивар 9, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Свети Николе 23, Кичево 6 и Ресен 1.

Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 83.216 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.

More from ВестиMore posts in Вести »