Денес, сабота, 18 јули, во Битола, според прогнозата на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можност за поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), електрични празнења и појава на град. Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали. УВ=6. Температурата во Битола до 24°С.
За утре, недела, 19 јули, прогнозата за времето во Битола на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи е деке претпладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Попладне постепено времето ќе се стабилизира. УВ=7. Температурата во Битола до 26°С.






