Деновиве се изврши примопредавање на функцијата претседател на Ротари клубот Битола, па досегашниот претседател Васко Талевски, на свечен начин со почитување на препораките за заштита од пандемијата, му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Никола Главинче, адвокат од Битола, кој ќе го води клубот во ротаријанската 2020/2021 година.
Во изминатата 2019/2020 ротаријанска година, Ротари клубот Битола се јави како организатор на бројни активности и проекти со кои помогна во остварување на мисијата на ротаријанството.
Помеѓу другите се донациите на парични средства и опрема на здравствените институции во справување со вирусот COVID 19, донација на Апарат ЕЕГ догитрак, неуро фитбек апарат, со кој се усовремени третманот на децата со атипичен и типичен развој во одделенито за ментално здравје при Клиничката болница Битола, сесите на мотивациски предавања од проектот за запознавање на учениците од четврта година со одредени професии со кои истите изразија желба да се занимаваат во иднина и сл.
Во периодот кој следува се најавуваат повеќе активности во насока на исполнување на целите на Дистриктот 1912 кој го сочинуваат ротари клубовите од Македонија и Словенија.
Целите за оваа година се насочени кон: грижа за животната средина (планетата, природата, живеалиштата – за здрава животна средина); грижа за здравјето (здрав начин на живот, здрава исхрана – за здрави луѓе); грижа за етика, култура и уметност; и грижа за своите сограѓани (млади, талентирани, постари, беспомошни …)
Во наредниот период секретар на клубот ќе биде Илија Јолевски.






