На 18.07.2020 околу 08,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат село Буково, Битола на место викано “Ѓубриште“ при сечење на дрва се повредил Н.М.(29) од село Јаболчиште, Велес.
Потоа со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






