Press "Enter" to skip to content

Милка Акимовска – 15 години успешна работа на “BОDY M“-Битола салон за убавина, резултат на посветеност, лојалност и работа на целиот тим

Жанета Ристевска

Повод за разговор со Милка Акимовска јубилеј 15 години салон за убавина “BОDY M“ од Битола, а разговорот и фотографиите ги направивме доцна вечерта после работните обврски. Не дочека во салонот уморна, но со широка насмевка спонтано и едноставно запраша “И мене ќе ме сликате, не мора доста ќе биде само салонот“. Таа после напорниот работен ден, иако уморна, со задоволен израз и насмеана кажа:

-Работата во салонот ми дава енергија да издржам, обврските во салонот се големи и јас сум цел ден овде, нема прва или втора смена, но љубовта кон оваа работа, се што ме опкружува во салонот ми дава сила.Кога и кажавме дека мора да се фотографира таа спонтано без шминка застана пред фотообјективот, а таа опкружена со палета шминки. Невообичаено за жена, но ме воодушеви со нејзината спонтаност, едноставност. Доволна беше нејзината насмевка од душа за да бидат фотографиите најдобри. Секоја жена за ова би и позавидела. Бидејќи обично кога треба фотографирање се бара кармин, чешел… Но, не и неа, жена задоволна со себе и успешна сопруга, мајка, менаџер, пријателка… 

Таа 15 години успешно ја менаџира работата во  салонот за убавина “BОDY M“-Битола или бренд бјути-оаза во нашиот град. Салонот за убавина “BОDY M“-Битола започна како мало катче за убавина и голема љубов кон козметологијата на сопственичката Милка Акимовска или Миме како сите ја  познаваат.  Денес, после 15 години прерасна  во модерен простор опремен  по највисоките светски стандарди со опрема која е последен збор на козметологијата. Со лојални, вработени кои со години, а дел од нив од самото отворање, посветено работат во овој козметички центар. Сега слободно може да се кажа дека салонот “BОDY M“ од Битола е бренд за квалитетни услуги, висока опременсот со најмодерна технологија во светот на козметологија и со хигиенски услови на  највисоко ниво според сите протоколи и мерки на заштита. За сето ова стои тимот на “BОDY M“, но сигурно најзаслужна сопственичката Милка Акимовска – Миме која ја менаџира и со целосна посветеност работи рамо до рамо,заедно со целиот тим на салонот за убавина.Но да започнеме од почеток, “BОDY M“ после 15 успешни години сега е  бренд на квалитетни услуги во служба на убавина и нега во Битола и регионот. Сега  и работа со почитување на сите протоколи по највисоки стандарди за дезинфекција и стерилизација на работните површини во служба на здравјето на клиентите. Како стартуваше со идејата за овој бизнис и кога точно “BОDY M“ започна  со работа?

-Се започна од мојата голема љубов кон козметологија и нега за убавина. Работев во продажен салон за козметички производи и цело време бев заинтересирана и читав се околу ова. Долго пред да се отвори ја имав идејата, но заради објективни причини материјални, семејни (раѓање на децата) се одложи.  Идејата и желбата стоеја и откако собрав сила и храброст се отвори “BОDY M“ кој беше мало катче за убавина од 20 квадратни метри  на 9 февруари 2005 година. На самиот почеток со мене беше Мери Михова, која и до ден денес е дел од мојот тим и слободно можам да кажам  дека сме заедно од почеток и поминавме долги години заедно.  Оттогаш постојано растевме се надоградувавме многу обуки, патувања  Белград, Истамбул, Холандија…, каде целиот тим се едуцираше низ овие години.  Оваа област е во подем последните години, во кои се случуваат многу новини во технологија, опрема и услуги, заради тоа мора да се следат сите новини и трендови и само на тој начин има и ќе има успех во иднина.После 15 години работа и многу вложен труд, оваа јубилејна 2020, исто така во февруари “BОDY M“ се проширува во овој нов простор, со што на убав начин ја одбележавме нашата 15 годишнина од работењето. Оваа година се проширувањето во поголем простор нашите услуги добија на квалитет. Просторот е голем на повеќе нивоа кои овозможуваат услугите да бидат одделени. Во посебен оддел се масажите, во друг третманите за нега на лице, тело, депилации. Педикир, маникир и шминка во одделен дел. Со тоа во овој простор секој клиент го има својот мир и дискреција. Во салонот на БОДИ М работиме со производи и  лиценци на водечките светски брендови кои дозволуваат да се користи нивното име како лиценциран центар на избран круг врвни професионалци во кои се вложени години и години на едукација и практична работа.За многу брзо, откако беше отворен новиот простор на 28 февруари 2020 година настапи период на корона кризата кога заради пандемија се спроведе карантин кога покрај другите бизниси беа затворени и салоните за убавина. Кажете за овој период…

-Секако дека тој период на воведување на карантин и затварање на многу објекти ни падна тешко на сите, особено на мојот тим кога започнавме со голем елан во новиот простор. Но, заради придржување на мерките мораше да биде така. Со олабавување на мерките пропишани од Владата и со донесување на протоколите за работа за козметичките салони, ние започнавме со работа, најпрво со намалено работно време и со подигнување на мерките на заштита по сите протоколи  во салонот на  највисоко ниво. Салонот за убавина “BОDY M“ започна крајно професионално  се придржуваше  на упатствата за сузбивање на епидемиолошко ширење на корона вирусот. Редовната дезинфекција и стерилизација на работните површини и простории на  кои бевме обврзани и ги почитиувавме сите овие години, ги  подигнавме и степен погоре со превземање на дополнителни мерки. Со примена на сите препораки кои ги дава Владата, да функционираме и бидеме во служба на нашата професија и заштита на нашите клиенти. Така и ја зачуваваме довербата кај нашите клиенти која ја имавме и дотогаш и кои стрпливо чекаа да се отвори салонот на “BОDY M“. Сега повторно работиме со целосно работно време, но заради затворени граници, ги нема нашите клиенти од соседна Грција, потоа оние кои доаѓаа на одмор од други држави, кои  се наши верни клиенти. Но, се надеваме дека овој период ќе остане зад нас, се разбира тоа ќе се случи ако сите се придржуваме и ги почитуваме мерките на заштита од корона заканата, бидејќи понатаму ќе живееме на тој начин.

Во нашиот салон посебно внимание посветуваме на спроведување на протоколите заради специфичност на услугите. Нашиот тим е целосно заштитен со маски, визири, ракавици, се дезинфицираат површините и апаратите после секој клиент. Тоа бара додатна ангажираност, но јас би сакала сите протоколи да бидат  спроведени целосно.Сопруга, мајка, менаџер… Како ги усогласувате обврските заради големата посветеност во салонот како што ни кажавте тука го поминувате скоро целиот работен ден како секој член од тимот на “BОDY M“?

-Ние жените обично си поставуваме високи цели, и сакаме се биде совршено, “под конец“ како што би кажале. Сакаме домот, децата, на работно место да бидеме целосно посветени,  барем за мене кажувам. Секако без поддршка на семејството околу мене немаше сето ова да се постигне. Тука на прво место мојот сопруг со негова поддршка во секаква смисла, помош околу набавки за салонот, морална поддршка. Децата, можам да кажам дека растеа со салонот. Потоа и сите околу мене, и пошироко семејство. Денес е се малку полесно моите синови израснаа, најпрво во добри личности, кои работат тоа што го сакаат и се успешни секој во своја област. Секако сега  помагаат со нови идеи во овој бизнис. Постариот Томи заврши ликовна академија и работи во маркетинг агенција во Скопје. Тој  ми помага со својот уметнички дух со низа идеи за добра промоција на салонот. Помалиот Иван  студент на  четврта година Медицински факултет.Тука се и членовите на тимот на БОДИ М кои ми се како семејство, бидејќи поминуваме голем дел од времето заедно. Споделуваме свои проблеми, добро и лошо, славиме заедно и ги споделуваме своите грижи заедно. Со задоволство кажувам дека ние сме едно семејство.Вашата посветеност и заедничка работа со вашиот тим, тимот на “BОDY M“ препознатлив  знак на салонот.

-Без добар, лојален  тим кој посветено работи,  нема успех. Претходно  кажав дека сите поминавме многу обуки заедно и многу убави моменти, Поголемиот делм од тимот се повеќе години тука, ги познаваат клиентите, нивните барања. Успехот не случаен туку години на посветена работа на сите нас заедно.На почетокот кажав дека оваа жена ме воодушеви со нејзината храброст и самодоверба  да застане пред фотообјективот сосем спонатано, после напорен работен ден без еден грам шминка. Со што ја откри тајната на женската убавина во нејзината внатрешна душа со особини на пожртвуваност и посветеност,  особини на кои и се должи  нејзиниот успех и како сопруга, мајка, менаџер, пријател.  Посакуваме уште многу успеси и јубилеи кои сигурно ќе ја следат понатаму.

Фото: С. Ристевски

Ентериер: салон за убавина “BОDY M“

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »