Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена локална облачност

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Денес, понеделник, 20 јули, времето во Битола, според метеоролозите на Управата за хидромереоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9. Температурата до 28°С.

Утре, вторник, 21 јули, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9. Температурата до 28°С.

More from ВестиMore posts in Вести »