Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: што е нормална анксиозност и генерализирано анксиозно нарушување 

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Диференцирање помеѓу нормална анксиозност и генерализиран анксиозно пореметување обично е тешко. Како ќе знаете дека сте малку повеќе анксиозни од другите, без оглед дали вашата анксиозност е доволно значајна за да се квалификува како поеметубање или растројство.

Што е Гемерализирано анксиозно нарушување (пореметување)

Многу личности се чувствуваат анксиозно од време на време. Меѓутоа кога постои претерана грижа, која делува и ги онеовозможува нарушува  дневните активности на личноста, тогаш тоа може да укажува на генерализирано анксиозно нарушување е често растројство, кај кое главна карактеристика е прекумерна грижа за бројни,  различни настани, асоцирана со растечка тензија. Генерализираното  анксиозно пореметување или во литературата може да се сретне со изрази растројство.Генерализирано анксиозно растројство може да опфаќа низа други нарушувања. ГАР  е  едно  од  групата  анксиозни  растројства  кое  вклучува  и панично  растројство  (со  или  без  агорафобија),  посттравматско  стресно  растројство,  опсесивнокомпулсивно  растројство,  социјална  фобија,  специфични  фобии  (на  пример  од  пајаци)  и  акутно  стресно  растројство. 

Некои личности развиваат ваков вид на пореметување уште во детсвото, додека други покажуваат симптоми како возрасни. Во секој случај живот со ваков вид пореметување може да трае долго. Во многу случаи може да се јави со други анксиозни пореметувања или пореметувања на расположание.

Во поголем број случаеви се подобрува со лекови или со психотерапија. Може да помогне и промена на начинот на живот, учење способности на совладување на анксиозноста и користење на техники за опуштање.Симптоми на генерализирано анксиозно пореметување

 Симптомите може да вклучуваат:

-Постојана загриженост или опсесии со помали или поголемои проблеми кои не се сразмерни со настаните

-Неможност за опуштање и чувство на заклученост

-Тешкотии во концентрација или чувства да вашиот ум „остане празен“

-Да се грижите со претерана загриженост

-Спроведувајќи секоја опција во ситуација до крај на целиот можен негативен закључок

-Тешкотии во управување со несигурност или неодлучност

-Страв од донесување на погрешни одлуки

Физички знаци и симптоми:

-Повлекување

-Раздразливост

– Мачна тензија или болки во мускули

– Треперење

– Проблеми со спиење

– потење

– психосоматски тегоби поврзани со стоачни болки,и дијареа

– главоболки.Дали имате анксиозно нарушување, краток водич за утврдување дали може ГАН  да биде состојба со која може да се изборите.

“Сериозно“

Иако понекогаш анксиозноста која ја доживуваат луѓето можа да биде сериозна, карактеристика на ГАН е што оваа анмксиозност е поинтензивна и долготрајна. Ако чувствувате поголема анксиозност која не можете да ја совладате тогаш станува збор за нешто посериозно.

“Непрорционално

Искуството на знаксиозност за повеќето личности е пропрционално со интензитетот на ситуацијата. На пример ако постоела ситна ситуација која ја предизвикала анксиознсота , тогаш тоа искуство на анскиозност е типично и мало. Луѓето со ГАН имаат тенденција да станат анскиозни многу повеќе. Заради тоа ако имате сериозна вознемирансот заради работи кои не би требало да предизвикуваат да бидете постојано анксиозни, тпгаш станува збор за попвеќе од нормална анксиозност.

“За се“

Кога луѓето доживуваат нормална анкзсиозност тие обично се грижат за работи врзани со ситуацијата која ја предизвикува анксиозноста или за уште неколку работи кои ги прават уплашени. Луѓето со ГАН се опишуваат како „загрижани, за се цело време“ Ако ова се опишува тогаш станува збор за повеќе од нормална анксиозност

“Нема контрола“

Повеќето личности можат да го намалат или контролираат чувството на  анксиозност низ различни техники и способност на смирување. Меѓутоа луѓето со ГАН имаат значајни потешкотии во пронаоѓање на опушптеност, смиреност и време кон сопсвстните грижи. Ако имате повеќе потешкоитии од другите кои ги знаете, и не можета  да ја контролирате својата анксиозност тогаш таа е повеќе од нормална анксиозност.

Извор: Клиника “Mayo“