Членовите на Ротари клубот Битола имаа работна посета во НУ Завод и Музеј од Битола, а ротаријанцие предводени од претседателот Никола Главинче имаа и состанок со директорката Мери Стојанова.
Оваа посета е значајна и по тоа што ова е прва групна посета во битолскиот музеј по донесувањето на посебните протоколи од Владата на РСМ со кои се уредува начинот на работа на музеите, по забраната донесена во март.
При посетата членовите на клубот од страна на стручни лица на НУ Завод и Музеј Битола беа запознаени со богатото културно, историско и уметничко наследство на Битола и овој регион.
Ротаријанците од Битола ги посетија и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, постојаната поставка на НУ Завод и Музеј Битола во рамки на која се и Градската соба, галеријата на икони, собата на клавирите, галеријата на современа уметност, ателјето на сликарот Борислав Траиковски и легатот на вајарот Сотир Димовски.
По разгледувањето на изложените експонати се одржа и работен состанок со директорката на НУ Завод и Музеј Битола, д-р Мери Стоојанова на која се разгледаа можностите за продлабочување на соработката.
Од страна на клубот беше оддадено признание за сите вработени во оваа институција кои грижливо и професионално го зачувале огромното историско наследство, укажувајќи дека Битола и битолчани треба да бидат особено горди на она што го поседува оваа институција.
На состанокот бе разгледани и повеќе проекти за кои во следниот период ќе се направи обид заеднички да се реализираат.

Ротари клубот Битола во прва групна посета на Музејот по ковид забраната (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 21 степен
- Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот





