Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло со мала локална облачност

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време освен во петок попладне и во сабота кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Денес, 22 јули, среда, во Битола според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен ветер. УВ=9. Температурата во Битола до 29°С.

За утре, четврток, 23 јули, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9. Температурата во Битола до 32°С.