Денес, четврток, 23 јули, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9. Температурата до 30°С.
Во Битола, во петок и во сабота во попладнедневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време. Утре петок, 24 јули, температурата до 30°С.






