Press "Enter" to skip to content

Пет новозаболени и двајца оздравени битолчани од ковид-19, 1.542 тестирања-137 нови случаи

Во Битола според официјалните инфорнации на министерството за здравство објавени на нивната “Фесј бук“ страница, денес, сабота, се регистрирани 5 нови заболени лица од ковид-19, а двајца битолчани оздравеле од оваа болест.

Во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во Скопје 60, Куманово 13, Дебар 5, Штип 16, Прилеп 3, Тетово 7, Струга 1, Велес 3, Битола 5, Охрид 1, Гостивар 11, Кочани 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Виница 1, Свети Николе 3 и Кичево 5.

Починати се 9 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од кои двајца е од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5.357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.

More from ВестиMore posts in Вести »