-Како и “од годините“, како што сме научени од постарите да дојдеме во оваа црква во населбата “Довлеџик“ во Битола, така и оваа година сме тука да запалиме свеќа за здравје и да го помолиме светецот, но еве наместо во гужвата тука сме покасно, да бидеме претпазливи и да почитуваме препораки, ни тетка Зоре, која пред полноќ ја затекнавме во дворот во црквата “Св. Архангел Гаврил“.
А, дворот годинава за верниците уреден, со нова патека од улицата до црквата, со ново осветлување, каде доаѓа до израз убавата фасада од тули, единствена во Битола, а верниците останаа верни на децениската традиција.
И покрај пандемијата убавото време и вербата во светецот, ги донесе битолчани во убавата црква во Битола, а секако со малку претпазливост и со почитување на редот и прапораките за купување свеќи, за нивно “палење“, како и за влегување во црквата.
Полицијата која беше во црквата и надвор од неа немаа работа, туку само пофални зборови за верниците.
Во дворот на црквата верниците, стрпливо чекаа да запалат свеќа и да се помолат, а така беше и кога се влегуваше внатре во црквата и да ја целуваат светата икона и ги видат прекрасните фрески на ѕидовите и иконите на иконостасот.
А, така беше и за влез во малото црквиче каде е светата вода.
И утре пред пладнес се очекува тука да има голем број верници, кои вечерва не успеаја да дојдат во црква “Св. Архангел Гаврил“, за да се помолат за здравје и простување на гревовите.
[ngg src=”galleries” ids=”562″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






