Press "Enter" to skip to content

Разговори низ паркот, Маргарита Христова, естраден уметник: не сме во филм, ја живееме “новата релност“ и сериозно треба да ја сфатиме

Жанета Ристевска

Разговорите во живо со моите соговорници кои многу ми недостасуваа, заради мерките на претпазливост, спонатно се пренесоа во градскиот парк во Битола и слободно ќе ги наречам “Разговори во паркот“. Корона кризата со цела неизвесност, страв, дилеми и предизвици кои ги донесе  со себе го промени начинот на живеење и размислување како и секаде така и во Битола. Ќе кажам со надеж можеби и ќе придонесе да се спознаеме себеси на вистински начин кои се наши силни и слаби страни.Градскиот парк во Битоластана место за прошетки, но и место за опуштање и соочување со себе и своите мисли. Низ опуштен разговор или “Talk and Walk“ со мои соговорници ќе откриеме интересни настани, сеќавања од детсвото, од животот и секако периодот на карантин низ кој сите поминавме. Низ разговорите ќе поттикнеме и некои теми  кои не засегаат  живееќи ја “новата реалност“. Маргарита Христова од Битола беше мој прв соговорник во рубриката интервјуа на познати битолчани и после тоа тргнаа уште многу интересни разговори и инспиративни личности од Битола. Во моите разговори низ паркот повторно таа, која е секако многу искрен соговорник.  Во своите ставови, размислувања многу реална и „стои цврсто на земја“ во однос на многу теми. Разговорот го почнавме во градскиот парк во Битола и го продолживме во нејзиниот  двор, место каде како што ни рече, го поминува поголемиот дел од денот.-Ако не ни беше нашио двор, којзнае како ќе ги поминевме овие тешки месеци на карантин и корона криза заради мерките на претпазливост, кои морам да кажам ги сфатив и почитувам сериозно. Голем дел од денот поминувам тука и во различни периоди секое место има своја посебна убавина.

За корона кризата… Се што започна како сценарио за страшен  филм, но со реалистични сцени на луѓе облечени со скафандери, карантин и бројка на мртви од Вухан, стана сурова реалност низ цел свет. Само за неколку денови целиот живот на сите нас ни се промени. Како го доживеавте…

-Еве конкретно за мене. Јас постојано патуваав и наеднаш требаше да останам дома. Во првото време стравот, неизвесноста беше голема. Се повлеков дома со најблиските. Сите планови во однос на музика, живот се променија. Во прво време мислевме само за 1 месец, но сега сфтив дека ја живееме сосем новата реалност со нови правила. Јас сум доста постојана личност која не сака промени, и сега сум во состојба кога мора целиот мој досегашен живот да го променам. Во однос на почитување на мерките можам да кажам дека сум многу сериозна и крајно ги почитувам. Сметам дека луѓето кои кажуваат дека не постои корона вирус можеби и најповеќе се плашат и всушност не сакаат да се соочат со тоа.

Во време на корона кризата и карантин многу пејачи поставуваа видеа се снимаа од дома, тоа не се случи и кај тебе. Зошто?-Искрено целата ситуација која се случи некако наеднаш, многу тешко ми падна. Ситуацијата која за прв пат ни се случуваше, карантин, вонредна состојба, постојани вести за опасноста од вирусот многу ме загрижи. Во овој период јас ја презедов обврската за набавување на се што е потребно дома, бидејќи моите родители кои се во ризичната група сакав да бидат дома заштитени на некој начин. Дотогаш мојот татко одеше на пазар и тоа му беше задоволство, но сега се беше поинаку. Заедно со мојата сестра излегувавме и со колата ги правевме сите купувања со сите мерки на заштита. Можам да кажам дека стравот кој се рашири ме направи сосема друга личност. Не ми беше важно ништо освен здравјето на моето семејство. Во такви услови не ми ни паѓаше на памет да се снимам од дома по пижами, тренерки и да делам совети. Тоа не е во мој стил.Исто така мое мислење е дека во овој период на криза херои беа и се: заболените луѓе кои се борат со болеста, здравствените работнивци, работниците во супермаркети, текстилните и други фабрики кои за да не ја изгубат работата и егзистенцијата работеа и за време на корона кризата по цел ден под маски и визири. Лесно им беше на селебрити и други личности од своите домови со многу квадрати, базени, сауни и слично да зборуваат за кризата. Сметам дека сцената ја има магијата да ги направи песните посебни; во домашни услови тие не ја имаат вистинската вредност. За се треба вистинско време и вистинско место. Зошто песните на Тома Здравковиќ снимани во зачадени кафеани станаа популарни, за се треба да има амбиент. Моите песни се поп, шлагерски и фестивалски и сметав дека ниту ќе звучат добро нити се вклопуваат во амбиентот.

Новата реалност“ што ни донесе, што се изгуби, дали ги промени луѓето?-Новата реалност ги промени вредностите во животот, нови херои на денешницата, нови навики, нови трендови на враќање кон природата, возење велосипеди, поголема грижа за семејството заради закани од вирусот. За мене која сум урбан тип, периодов животот ми се промени во смисла излегување по кафулиња, ресторани, не можам да патувам и приватно и поврзано со мојата кариера, тоа беа Интернационални концерти и настапи на кои настапувам традиционално повеќе години и тоа Малта, Турција, Италија, Словенија, Бугарија. Сега заради затворени граници и секако несигурноста која ја носат патувањата поголемиот дел од времето го поминувам дома со семјството во мојот двор каде ми се враќаат спомените од детството кога со мојата сестра го поминувавме скоро цел ден особено за време на летниот распуст. Секојдневно си наоѓавме некои игри, го уредувавме, преуредувавме.Овие спомени ме враќаат во убаво време кога бев дете, безгрижна. Во некои моменти кога седам тука како времето да престанало и се опуштам чувствувам заштитена како да нема ништо лошо во светот и се е убаво, романтично, мирно од тревата, дрвјата , цвеќињата околу мене. Тука поминувам голем дело од денот. Многу често и моите пријатели доаѓаат на кафе тука, наместо како порано што се дружевме по кафулиња или ресторани. Во лето обично секој викенд одевме во разни туристички места, во земјата или најчесто во соседна Грција, сега кога постојано не известуваат за голем број заразени сметам дека е подобро да се остане дома. Бидејќи мое мислење е дека треба да си опуштен кога одиш на езеро, море, планина, а не цело врме да се мислиш дали маска да носиш или не. Се ќе оставиме за некои подобри времиња кои се надевам дека ќе дојдат.

Бевте една од ретките македонскин пејачки кои соработуваа со Дејан Миличевиќ за снимање спот. Сите понатаму очекуваа и други квалитени песни и спотови. Во интервјуто кое го направивме пред една година за нашиот портал изјавивте декадека имате планови и очекувате добра песна и спот. Кои се вашите планови на ова поле?-Пеам уште од најмали нозе, музикита е мој живот. Имав многу планови за оваа пролет, но со пандемијата и корона кризата планираните снимања се одложија. Можеби и заради тоа многу тешко ми падна овој период. Сакав сето тоа да е професионално направено како мојот спот за песната „Тоа љубов е“ кој го правев во соработка со тимот на Дејан Миличевиќ. Најискрено се надевам дека работите ќе се вратат „во нормала“ и сето ова ќе остане позади нас како лош сон, а јас ќе можам да ги реализирам плановите поврзани со музиката, а најпрво снимање на нова песна и спот, нешто што подолго време го планирам и за што вистински се зажелив. Ми недостига музиката, ми недостига публиката, сцената, ми недостигаат и патувањата. Што ќе донесе времето и каков ќе биде животот после ова не знам, но знам дека нема да биде исто. Но, да се трудиме од сето ова да излеземе како подобри луѓе, едноставно да живееме со позитивни мисли, ширејќи позитивна енергија.Разговорот го завршивме со надеж и позитивна мисла  “На крајот се ќе биде добро, што значи  ако не е добро, тогаш и не е крај“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »