Според официјалните информации на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница денес во Битола, по вчерашните пет случаи има уште два новозаболени. Денес се регистрирани и тројца оздравени пациенти од Битола.
Инаку, во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во Скопје 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2 и Свети Николе 1.
Починати се 6 лица, четири пациенти а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од кои тројца од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 96.194 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183.






