Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчера со еден тренинг во Битола, од денес во Маврово

Екипата на Еурофарм Пелистер по состанокот во саботата вчера одработи еден тренинг на отворено во Битола со што стартуваше со тренинзите за новата сезона, а од денес се селат во Маврово.

Сите ракометари почнаа со тренинзи, а тренерот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ, на стартот на подготовките во Битола рече дека посакува тој како тренер и клубот оваа сезона да бидат успешни.-Очекувањата ни се големи, но првобитно најважно ни е да се вратат работите како што беа пред корона-кризата. Секогаш треба да бидете подобри од претходната сезона. Клубот направи голем напор, дојдоа многу ракометари и изградивме малку поинаков ростер. Ќе бидам задоволен ако барем малку сме подобри и поуспешни од минатата сезона, која за жал не се доигра. За оваа сезона доведовме млади и потентни ракометари и верувам дека на теренот ќе направат разлика, но нема да ги делам играчите и засилувањата, бидејќи ние сме тим и секогаш победуваме и губиме како тим. Еурофарм Пелистер гради еден нов пат и најдобри играчи мора да ни бидат дисциплина, ангажман и поддршка.

Ракометарите по Маврово не се враќаат во Битола, туку продолжуваат до турнирот во Струга.

More from СпортMore posts in Спорт »