Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување заради поседување марихуана и со “матиз“ удрил во дрво кај Голема Ливада

На 26.07.2020 околу 17.25 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Битола, полициски службеници од СВР Битолоа лишиле од слобода лице поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, се однесувал агресивно и се обидел физички да ги нападне полициските службеници. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.07.2020 во 13.45 на патот Битола – Пелистер, на пат за Голема Ливада, патничко возило „даеву матиз“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 74 годишник од Битола, изгубило контрола и удрило во дрво. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на возраст од 69 години од Битола и била пренесена во болницата во Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »