Во последното деноноќие во Битола, според информациите на министерството за здравство, објавени на нивната официјална “фејс бук“ страница се заболени уште шест битолчани, а не е регистриран ниту еден оздравен пациент.
Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 39, Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 2, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 3, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Свети Николе 3 и Кичево 4.
Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181.






