Press "Enter" to skip to content

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола: денешните новозаболени од 16 до 73 години

Според информации на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, денес во Битола се регистрирани 6 позитивни лица, на возраст од 16, 31, 65, 70,71 и 73 години.

Од новорегистрираните 2 лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери, а 4 лица не даваат податок за контакт со позитивно регистрирано лице.

Од контактите на новорегистрираните лица, за 21 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат- ПО Битола).

Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.

More from ВестиMore posts in Вести »