Press "Enter" to skip to content

Центар за јавно здравје: во Битола денес 5 новозаболени од 1 до 45 години и еден смртен случај

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола соопшти дека денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица на ковид-19, на возраст од 1, 4, 38, 39 и 45 години.

Сите лица даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери.

Од контактите на новорегистрираните лица, за 8 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат- ПО Битола).

Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 63.

Денес се регистрирани 4 оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 73 години кое беше хоспитализирано во ГОБ “8 ми септември”- Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »