Со денешната акција -“ во организација на ПРЕДА плус, исчистен е дел од ридот над улица “Љубојно“ во населбата Баир во Битола. Месното население од населба Баир, потпомогнати со механизација од јавното претпријатие “Комуналец“ и од активистите од
граѓанското движење “Мети си со класнето”, успешно отстранија мала дива депонија со исфрлано ѓубре, градежен шут и делови од мебел.
Со оваа активност граѓаните на Битола и јавните институции покажаа иницијатива, волја за соработка и преземање на активности за заедничко учество и решавање на актуелни проблеми во заедницата.
Акцијата е дел од УРБАН БАИР – иницијатива за подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромската заедница во општина Битола, која се реализира во склоп на проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ” поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а реализиран од ПРЕДА плус во партнерство со Општина Битола и НВО “Баирска Светлина“.
Целта на акцијата е да подигне свеста на граѓаните за зачувување на животната средина и одлагање на сметот, како и да се подобри меѓусебната соработка и заедничката грижа за средината на граѓаните и јавните претпријатија.
Акцијата е дел од проектните активности кои предвидуваат: инфраструктурни активности – реновирање на просторот во месната заедница во населба Баир, теренско истражување за собирање на податоци за сеопфатна проценка на ромските домаќинства во населба Баир со цел решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени.
Како и обезбедување советодавна помош за надминување на предизвиците во справување со кризата од Ковид-19, преку формирана Служба за помош со седиште во месната заедница “Димитар Влахов“.
Во проектните активности Општина Битола се вклучува со реконструкција на постоечки парк и изградба на игралиште за деца со средства од Советот на Европа преку програмата РОМАКТЕД .
Реализацијата на проектот ќе придонесе за создавање на основа за понатамошно подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромската заедница која живее во сиромашни и неформални делови од населбата Баир во општина Битола.
Истовремено ќе послужи како основа за поголема интервенција (проект) со употреба на холистички и интегриран пристап, преку кој ќе се поврзат различни сектори/компоненти на општеството (на пр. урбанистичко планирање, домување, заедничка инфраструктура, пристап до едукативни и здравствени услуги, вработување, промоција на културата) за да се олесни создавањето на поттикнувачка и инклузивна средина за локалните заедници кои живеат во Битола, особено во населбата Баир.

“Заедно за чист Баир“ акција за чистење во организација на “ПРЕДА плус“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Шведскиот амбасадор на пица кај “Шведскиот“ на Широк Сокак во Битола (фото)
- СВР Битола со низа активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција и промоција на полициски велосипеди
- ЈКП “Водовод“ Битола: денес прекин во водоснабдувањето на “Лавчански пат“
- Пораз од МЗТ во првиот полуфинален натпревар, в недела втор натпревар во Битола (фотогалерија)
- Битола има потенцијал за зелени работни места (фотогалерија)





